Jeyhun Aliyev
03 Јули 2018•Ажурирај: 04 Јули 2018
АНКАРА (АА) - Турција на странскиот пазар продаде речиси 255.000 тони лешници во првите десет месеци од извозната сезона, со што оствари приход од 1,6 милијарда долари, јавува Anadolu Agency (AA).
„Обемот на извоз на лешници во период од септември 2017 година до јуни 2018 година забележа пораст од 25,3 отсто во однос на истиот период минатата година“, соопшти Здружението на извозници и произведувачи на Црното Море.
„И покрај растот на обемот на продажбата, вредноста на извозот на лешници доживеа пад за околу 3,5 отсто во првите десет месеци од извозната сезона“, соопштија од Здружението.
Речиси 75 отсто од извозот на турскиот лешник во овој период е остварена во земјите на ЕУ, во износ од 1,2 милијарда долари.
Турција изврши извоз на речиси 236.000 тони лешници и заработи 1,88 милијарда долари за време на извозната сезона 2016-2017, која траеше од септември 2016 година до август 2017 година.
Турција е најголем извозник на лешници во светот.