Tuba Onğun
14 Септември 2022•Ажурирано: 15 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Годишната стапка на потрошувачка инфлација во Германија изнесуваше 7,9 отсто овој август, во согласност со пазарните прогнози, според официјалните податоци објавени вчера, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Првите бројки за тој месец бележат пораст од јулската бројка од 7,5 отсто, што претставува скок поттикнат од зголемувањето на цените на енергетските производи и храната.
Цените на енергијата се зголемија за 35,6 отсто на годишно ниво во август, нешто пониско од јулските цени кои беа зголемени за 35,7 отсто.
Трошоците за енергија за домаќинствата се зголемени за 46,4 отсто, бидејќи цените на нафтата за греење се повеќе од двојно зголемени со годишен пораст од 111,5 отсто, а цените на природниот гас се искачија за 83,8 отсто.
Германија минатата недела објави пакет за олеснување на инфлацијата од 65 милијарди евра (64,7 милијарди долари) за да им помогне на домаќинствата да се справат со спиралната инфлација и сметките за енергија, резултатите од руската војна против Украина и последователните санкции наметнати на Москва.
„Зголемувањето на цените на храната се зголемија шести последователен месец со годишен скок од 16,6 отсто во август“, објави Федералниот завод за статистика „Дестатис“.
На месечна основа, германскиот индекс на потрошувачки цени се зголеми за 0,3 отсто во август.
„Две мерки од пакетот за олеснување имаа благ ефект на намалувањето врз вкупната стапка на инфлација, особено од јуни до август 2022 година: билетот од 9 евра и попустот на горивото“, рече Георг Тиел, претседател на „Дестатис“.