Şerife Çetin
03 Август 2020•Ажурирај: 04 Август 2020
БРИСЕЛ
Во Белгија бројот на откриени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) се искачи на 69.849, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Белгија (Sciensano).
Во периодот од 24 до 30 јуни, просечната дневна бројка на откриени случаи изнесува 490,7.
Со ново откриените случаи, во Белгија досега откриени се вкупно 69.849 случаи на заразеност со Ковид-19.
Најмногу случаи се откриени во градот Антверпен, по кој следуваат Брисел и Лиеж.
Во Белгија од Ковид-19 досега починаа 9.845 лица.