Fatma Esma Arslan
03 Август 2020•Ажурирај: 05 Август 2020
ДАКАР
Пет војници загинаа во двата истовремени напади извршени врз војската на Мали, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Војската на Мали оваа информација ја потврди преку соопштение објавено на Твитер.
Во соопштението се нагласува дека во стапица западнал воен конвој кој се движел од село Гома-Кјура кон подрачјето Дајабали, одалечено околу 400 километри од Бамако, главниот град на земјата.
Како резултат на нападот, четири оклопни возила се водат за исчезнати.
Истовремено извршен е и артилериски напад врз воен камп кој се наоѓа во Гома-Кјура.
Во двата напади извршени од страна на терористи, загинаа 5 војници, додека 5 војници се ранети.