Ahmet Karaahmet,Mehmet Burak Karacaoğlu
03 Август 2020•Ажурирај: 04 Август 2020
ИДЛИБ
Три цивили загинаа, а најмалку 7 цивили се повредени во воздушните напади извршени во Зоната за деескалација во Идлиб од страна на Русија, која е поддржувач на режимот на Башар ал Асад во Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според опсерваторијата за надледување на летови на авиони која и припаѓа на воената опозиција, воени авиони на Русија извршија воздушни напади врз населените места во рамки на границите на Зоната за деескалација во Идлиб.
Според информациите добиени од изворите на Цивилната заштита, во овие напади загинаа 3 цивили во подрачјето на Биниш.
Во соопштението се истакнува дека во воздушните напади се повредени најмалку 7 цивили.