Ali Cura
03 Август 2020•Ажурирај: 03 Август 2020
МОСКВА
Во Русија бројот на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) се искачи на 14.207, додека бројот на откриени случаи во земјата порасна на 856.264, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 5.394 нови случаи на заразеност, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во Русија се зголеми на 856.264.
Во последните 24 часа Ковид-19 е причина за смртта на уште 79 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 14.207.
Во Русија оздравеа уште 3.420 лица, со што вкупната бројка на оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 653.593.
Во Русија се направени вкупно над 29 милиони тестирања за Ковид-19.