Wassim Samih Seifeddine,Muhammed Semiz
03 Август 2020•Ажурирај: 04 Август 2020
БЕЈРУТ
Министерот за надворешни работи на Либан, Насиф Хити, својата оставка ја поднесе до либанскиот премиер Хасан Дијаб, јавува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата ја потврди еден владин претставник кој сакаше да остане анонимен.
Овој претставник тврди дека оставката на Хити е неотповиклива.
Хити сѐ уште не даде изјава во врска со причината на оставката, додека се очекува да одржи прес-конференцја во врска со ова прашање.