Şenhan Bolelli
22 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
МАДРИД
Министерството за здравство на Шпанија објави дека пандемијата на новиот тип на коронавирус последната недела дена во земјата е причина за смртта на 21 лице, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шпанското министерство за здравство кое продолжува да врши ревизија на досега починатите во земјата, го објавува само дневниот и неделниот број на смртни случаи. Вчера објавениот неделен извештај во кој беше соопштено дека од последици на заразеност со Ковид-19 во земјата починале вкупно 28.323 лица, денес е ажуриран за едно лице и изнесува 28.324.
Според објавениот извештај, последните 7 дена во Шпанија се регистрирани 21 смртен случај како последица на заразенот со коронавирусот, од кои 8 во автономната област Мадрид и 6 во Кастиља и Леон.
Според PCR тестовите, последните 24 часа детектирани се 125 лица заразени со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 246.504.
- Зголемени превентивните мерки во местата каде е забележан вториот бран
Иако во Шпанија е започнат периодот на „нова нормална состојба“, зголемени се превентивиите мерки во местата во кои е забележан вториот бран.
Шпанската влада соопшти дека во три места во подрачјето на градот Уеска во автономната област Арагон, забележан е вториот бран на случаи на Ковид-19.
Министерот Салвадор Ила информирајќи дека досега е воспоставена контрола во 36 места во кои е забележан вториот бран, соопшти дека најголема загриженост претстауваат случаите во Арагон.
Тој рече дека во тие подрачја рестораните работат со 50%од капацитетите (според новата нормална состојба со 75%), базените со 1/3 од капацитетите (според новата нормална состојба со 1/2), препорачувајќи, слободното движење доколку не е неопходно да се избегнува.
Во Барселона поради непочитување на правилата и регистрираната гужва, претставниците на власта во неделата попладне привремено затворија 6 плажи.
Општина Барселона на плажите поставиле сензори кои регистрираат гужва на плажите. Според воведените правила, дозволено е плажите да бидат исполнети со 60% од нивните капацитети, а доколку се регистрира поголема бројка, тогаш се интервенира.
- Ситуацијата во Португалија
Владата на Португалија информираше дека последните 24 часа од последици на заразеност со Ковид-19 починале 4 лица, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во земјата на 1.534.
Последното деноноќие детектирани се 259 лица заразени со коронавирусот, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 е зголемен на 39.392.
Во Португалија оздравеа 25.548 лица заразени со Ковид-19.