İlhan Toprak
06 Јануари 2016•Ажурирај: 07 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека исламскиот свет повторно го потресуват завери на завадување на месхепските групи со кои раководи некој "поголем ум", а со цел да се подели исламскиот свет и да се завади меѓусебно, јавува Anadolu Agency (AA).
„Мораме да бидеме свесни за тоа. Поентата е во тоа исламскиот свет да се претвори во поприште на меѓумесхепските судири. Свесни сме дека месхебските завери се еден од основните причини кои лежат позади позади сите призори кои ни доаѓаат од кризните подрачја од Сирија, Ирак, Јемен и Либан", рече Ердоган рече Ердоган за време на денешниот прием на мухтарите, претставниците на најниските инстанци на локалната власт во Турција.
Ердоган исто така истакна дека е сосема јасно да позади ставовите кои наводно ги застапуваат месхепските интереси, всушност се кријат напорите да се воспостави превласт во регионот.
Потсетувајќи и на актуелната криза помеѓу Саудиска Арабија и Иран, Ердоган остро ги осуди неодамнешните палења на саудиските дипломатски кабинети во Иран.
„Во Турција не постои пракса на смртна пресуда. Дали тоа е добро или лошо е друго прашање. Во Саудиска Арабија постои смртна казна. Постои во Иран, Америка, Русија и Кина и таму сеуште се извршуваат тие казни. Кога во тие земји се случуваат погубувања никој не крева глас. Сега во Саудиска Арабија се погубени 47 порано осудени лица, и тоа е според мое мислење, одлука на внатрешната правна природа на таа земја. Помеѓу погубените има 46 сунити поврзани со Ал Каеда и еден шиит. Тоа е одлуката на Саудиска Арабија, а друго прашање е дали некој тој потег го одобрува или не" , појасни Ердоган.
Турскиот претседател запраша поради што гласните критичари на смртните казни молчат кога во Египет ќе се осудат повеќе од илјада луѓе, а помеѓу осудениите на смртната казна е и Мохамед Морси кој е прв демократски избран претседател на таа земја.
„На смрт е осуден човек кој беше во својство на претседател на државата. Зарем беше терорист и извршител на воен удар. Не, ударот го изврши генерал и министер на одбрана кој го именуваше почитуван Морси. Сега на смрт го осуди својот претседател. Дали некој крена глас против тоа? Не, само ние го кренавме својот глас бидејќи нашата задача е да се раководиме по правдата. Нека Господ ги казни оние кои исламскиот свет и муслиманите ги буткаат во зло" рече Ердоган.