Ruslan Rehimov
03 Декември 2020•Ажурирај: 04 Декември 2020
БАКУ
Азербејџанската Армија даде 2.783 шехиди (загинати војници) во операцијата спроведена во Нагорно Карабах за ослободување на териториите на Азербејџан од ерменска окупација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Азербејџан ја соопшти бројката на шехиди во војната што започна на 27 септември и заврши со Договорот за прифаќање на поразот на Ерменија потпишан на 10 ноември.
Во соопштението се наведува дека за време на војната, Армијата на Азербејџан дала 2.783 шехиди, додека 1.245 војници биле повредени.
За време на војната 103 од војниците шехиди, чиј идентитет сѐ уште не е утврден, се идентификуваат со ДНК-анализа. Исто така се истакнува дека повеќе од 100 војници се водат за исчезнати, а во тек се активности за нивното пронаоѓање.
Имињата и чиновите на војниците шехиди ќе бидат објавени во јавноста подоцна, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан.
Во операцијата што ја започна азербејџанската Армија на 27 септември, од окупација беа ослободени пет центри на градови, четири града и 286 села. Ерменија го прифати поразот и потпиша договор за евакуација на окупираните региони Агдам, Лачин и Калбаџар.
Ерменската Армија од Агдам се повлече на 20 ноември, од Калбаџар на 25 ноември, а на 1 декември од Лачин.