Büşra Selvi Öğütcen
18 Јули 2022•Ажурирај: 19 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Премиерот Ранил Викремесинге, кој беше назначен за привремен претседател на државата во Шри Ланка, прогласи вонредна состојба, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во вестите објавени во азиските медиуми се истакнува дека во земјата доцна во ноќта објавен е Службен весник.
Во Службениот весник се наведува дека Викремесинге од утринава како мерка за претпазливост прогласува вонредна состојба на територијата на целата земја.
Се нагласува дека оваа одлука е донесена со цел да се одржи јавната безбедност, јавниот ред и обезбедување на услугите потребни за живот во заедницата.
- Ситуацијата во Шри Ланка -
Населението во земјата, која се соочува со најголемата економска криза во својата историја, на крајот на март ги засили своите протести по прекините на струјата од 13 часа дневно.
На 9 мај дојде до судири меѓу демонстрантите собрани околу зградата на Кабинетот на премиерот и поддржувачите на Владата. Во главниот град Коломбо воените единици беа повикани на должност.
Претседателот Готабаја Раџапакса, со сопругата и двајцата телохранители, на 13 јули замина на Малдиви, а следниот ден во Сингапур.
Викремесинге беше назначен за привремен претседател откако Раџапакса ја напушти земјата.
Раџапакса своето писмо за оставка го испрати преку е-пошта на 14 јули.
Во протестите кои се проширија низ земјата животот го загубија 8 лица, меѓу кои и пратеник од владејачката партија и двајца полицајци, а 250 лица беа повредени.