Faruk Zorlu
18 Јули 2022•Ажурирај: 19 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Три лица загинаа, додека двајца се повредени кога вчера вооружен маж со пушка отвори оган во трговски центар во американската сојузна држава Индијана, а вооружен цивил пукаше во него и го уби, соопшти полицијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вооружениот напаѓач, кој имал неколку шаржери со муниција, влегол во трговскиот центар „Гринвуд парк“ и почнал да пука во делот за храна, изјави шефот на полицијата во Гринвуд, Џим Ајсон.
Говорејќи за новинарите, Ајсон рече дека 22-годишниот маж од соседниот округ кој легално носел пиштол во трговскиот центар, смртно го застрелал напаѓачот.
„Изгледа дека добар Самарјанин кој бил вооружен го забележал пукањето кое започнало и го застрелал вооружениот напаѓач“, рече тој.
Ајсон истакна дека оние кои биле погодени од огненото оружје биле жени, додека еден бил маж.
„Исто така, најдовме ранец оставен во тоалетот надвор од одделот за храна. Не знаеме на кого му припаѓа. Беше сомнителен“, рече тој.
Сите биле евакуирани од трговскиот центар, рече Ајсон, додавајќи дека сторителот сè уште не е идентификуван.