Mehmet Hatipoğlu
22 Јануари 2020•Ажурирај: 23 Јануари 2020
АТИНА (АА) - Екатерини Сакеларопулу, претседателски кандидат на грчката Влада под водство на партијата Нова демократија на чело со Киријакос Мицотакис, стана првата жена претседател на Грција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сакеларопулу беше единствен кандидат за претседател, која во првиот круг гласање доби 261 гласа „за“ од 294 пратеници, колку што учествуваа во гласањето. Грчкиот Парламент брои 300 пратенички места.
Опозицијата немаше кандидат за претседател на овие избори.
Според законите во Грција, при изборот на претседател не е предивдено пратениците да користат глас „против“.
Со тоа Сакеларопулу стана првата жена претседател на Грција.
Таа на 14 март ќе положи заклетва и ќе го започне нејзиниот петгодишен мандат, откако на 13 март ќе заврши мандатот на актуелниот претседател, Прокопис Павлопулос.