Talha Yavuz
18 Ноември 2021•Ажурирај: 18 Ноември 2021
КИЕВ
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, ја одобри одлуката за санкционирање на 28 лица, од кои 23 се руски државјани, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Претседателството на Украина се наведува дека одлуката е донесена во согласност со одлуката на Националниот совет за одбрана и безбедност донесена на 20 август.
Со одобрување на одлуката од страна на Зеленски, 23 руски и 5 украински државјани ќе бидат санкционирани три години.
Олески Данилов, претседател на Националниот совет за одбрана и безбедност, на 20 август соопшти дека одлучиле да воведат санкции за некои руски разузнавачи, судии и медиумски работници во Крим, кој е незаконски анектиран од Русија, и во Донбас, кој е под контрола на проруските сепаратисти.