Ahmed Asmar
20 Јуни 2024•Ажурирај: 21 Јуни 2024
РАМАЛА (АА) - Израелската војска денес приведе уште 20 Палестинци во рациите на војската на окупираниот Западен Брег, пренесува Анадолу.
Претседателот на сега распуштениот Палестински законодавен совет, Азиз Двеик, е меѓу приведените, се вели во заедничкото соопштение на Комисијата за прашања на затворениците и на Здружението на палестински затвореници.
Двеик беше ослободен од израелската војска претходно оваа недела.
Според палестинските податоци, со денешните приведувања, бројот на Палестинци приведени од израелската армија на Западниот Брег од октомври минатата година достигна 9.300.
Израелската војска редовно спроведува рации на Западниот Брег во последните неколку години, кои ескалираа со почетокот на војната во Газа минатиот октомври. Палестинците се соочуваат и со насилни напади од илегалните еврејски доселеници.
Според Министерството за здравство, оттогаш се убиени речиси 550 Палестинци, а скоро 5.200 се повредени од оган на израелската армија на окупираните територии.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред почетокот на копнената офанзива врз градот на 6 мај.