Sayed Khodaiberdi Sadat
03 Август 2020•Ажурирај: 04 Август 2020
КАБУЛ
Вооружен и бомбашки напад е извршен врз затвор во провинцијата Нангархар во источен Авганистан. Во нападот животот го загубија 13 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на гувернерството на Нангархар, Атаулах Хогјани за АА изјави дека напаѓачите со возило исполнето со експлозив ја нападнале влезната порта на затворот во Нангархар. Останатите напаѓачи влегле во затворот, по што дошло до вооружена пресметка со чуварите на објектот.
Во вооруежниот судир кој траел со часови, како што информираше портпаролот Хогјани, неутрализирани се 3 напаѓачи, додавајќи дека операцијата е во тек.
Хогјани соопшти дека во нападот животот го загубиле 13 лица, а 42 се ранети.
Засега никој ја нема преземено одговорноста за нападот.