Büşra Selvi Öğütcen,Muhammed Emin Canik
03 Август 2020•Ажурирај: 03 Август 2020
БУЕНОС АИРЕС / АНКАРА
Како последица на заразеност со новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 541 лице, во Индија 771 лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со 541 починати лицa во последнот оденоноќие, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во оваа земја се зголеми на 94.104 лицa.
Во земјата се детектирани уште 25.800 случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се искачи на 2.733.677.
Бројот на излекувани лица од овој вирус во земјата изнесува 1.883.677.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Индија
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 последните 24 часа починале уште 771 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 38.135.
Исто така, во истиот период во земјата се детектирани уште 52.972 лица кои се позитивни на коронавирусот.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 1.803.695.
Досега во земјата од Ковид-19 се излекувани 1.186.203 лица.