Zylfije Adem Jakupi
03 Август 2020•Ажурирај: 04 Август 2020
ПРИШТИНА
Косовскиот премиер Авдулах Хоти соопшти дека е позитивен на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Хоти на својот профил на Фејсбук напиша дека направил тест и дека e позитивен на Ковид-19.
„Немам симптоми, освен многу блага кашлица. Од вечервма сум во изолација во наредните две недели. Ќе ги извршувам обврските од дома“, наведе синоќа Хоти.
Во меѓувреме, лидерот на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа во сабота официјално потврди дека по три недели е излекуван од Ковид-19.
Иса Мустафа преку социјалната мрежа Фејсбук се заблагодари за поддршка што му ја пружиле семејството, пријателите, колегите, соработнците, а посебна благодарност им искажа на лекарите кои му помогнале да се избори со новиот тип на коронавирус.