Ahmet Dursun
02 Август 2020•Ажурирај: 03 Август 2020
АНКАРА
Иран бројот на починати како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 17.190, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, соопшти дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале уште 208 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран порасна на 17.190.
Таа информира дека во земјата дијагностицирани се уште 2.685 случаи на овој вирус, со што вкупната бројка на откриени случаи во земјата се зголеми на 309.437.
Според Лари, 4.089 од вкупните пациенти се наоѓаат во тешка состојба, додека во земјата излекувани се вкупно 268.102 лица.
Лари нагласи дека во Иран досега направени се 2.508.418 тестирања за Ковид-19.