Fatma Esma Arslan
02 Август 2020•Ажурирај: 03 Август 2020
ДАКАР
Најмалку 18 цивили загинаа во нападот кој на северот на Камерун го изведе терористичката организација Боко Харам, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведуваат локалните медиуми, терористите на Боко Харам во селото Нетчеве кое се наоѓа во близина на границата со Нигерија изведоа напад со рачни бомби.
Според последните информации, во нападот загинале најмалку 18 цивили, а 11 се ранети.
Боко Харам е терористичка организација која во Нигерија на почетокот на 2000 години ја основаше екстремистот Мухамед Јусуф поради борбата против сите видови западна култура, посебно во образовниот систем на Нигерија.
Јусуф под неразјаснети околности во 2009 година почина во затвор, а Боко Харам поради тоа ги интензивираше терористичките активности и стана глобална терористичка закана. Моментално делува во Нигерија, Камерун, Бенин, Чад и Нигер.
Од 2009 година во нападите на Боко Харам загинаа повеќе од 20.000 луѓе.