Hamdi Yıldız
03 Август 2020•Ажурирај: 04 Август 2020
ГАЗА
Израелски борбени авиони извршија воздушен напад на едно земјоделско подрачје јужно од Газа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на дописникот на АА базирани на локални извори, земјоделскиот регион Хан Јунус, јужно од Газа, бил погоден со ракета од израелски воени авиони.
Нападот е извршен откако израелската армија во неделата навечер соопшти дека две ракети од Газа се лансирани во областа паралелна со границата со Газа и се соборени од системот за воздушна одбрана „Железна купола“.
Сѐ уште нема информации дали при нападот има човечки жртви или повредени.
Одговорноста за нападот, за кој Израел тврди дека е извршен не е преземена од ниту една група во Газа.