Yusuf Soykan Bal
10 Септември 2026•Ажурирано: 10 Септември 2026
Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека турските пилоти започнале со обука за летање во рамките на процесот на набавка на борбените авиони „Еурофајтер тајфун“, пренесува Анадолу.
Во објавата на турската платформа за социјални медиуми НСосиал, Министерството потсети дека процесот на обука започнал во август, во согласност со договорот за набавка на „Еурофајтер тајфун“ склучен со Велика Британија.
Оттаму наведоа дека пилотите на Турските воздухопловни сили успешно ја завршиле обуката за стручна терминологија и дека сега ја започнале практичната обука за летање.