Mahmut Atanur
03 Август 2020•Ажурирај: 04 Август 2020
ЏАКАРТА
Повеќе од 22.000 луѓе се погодени од поплавите предизвикани од поројните дождови во покраината Северна Сулавеси во Индонезија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Радитја Џати, претседателот на центарот за информации на Националната агенција за управување со катастрофи на Индонезија соопшти дека поројните дождови во регионот на Јужен Боланг Монгондоу предизвикале поплави на 7 места.
Наведувајќи дека 22.655 луѓе се погодени од поплавите, Џати истакна дека во катастрофалните поплави досега животот го загубил едно лице.
Џати исто така нагласи дека како резултат на поплавите низ целиот регион се оштетени 64 куќи, 5 мостови и неколку патишта.
Повеќе од 60 луѓе загинаа во поплави и свлечиштата предизвикани од поројните дождовите за време на новогодишната ноќ ги зафатија главниот град Џакарта, градовите Депок, Бекаси и Тангаранг, како и регионите Богор и Лебак.