Esin Işık
02 Август 2020•Ажурирај: 03 Август 2020
АНКАРА
Турските сили преку воздушни операции неутрализираа 4 терористи на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„Како резултат на нашите операции кои ги продолжуваме со решителност, преку воздушни операции неутрализирани четворица терористи на ПКК кои беа откриени во подрачјето на Зап во северниот дел на Ирак“, се вели во ова соопштение.
Според соопштението, операциите ќе продолжат се до неутрализирање на последниот терорист.