ЊУЈОРК (АА) - БЕТУЛ ЈУРУК -
Светски познатиот турски кардиохирург, проф. д-р Мехмет Оз, истакна дека силните и блиските семејни врски го намалуваат стресот и позитивно влијаат врз здравјето на срцето.
Мехмет Оз живее во Соединетите Американски Држави (САД), а во светот е познат по неговата работа. Тој за Anadolu Agency (AA) говореше околу тоа што треба да се направи со цел човекот да има здраво срце и да се заштити од срцевите болести.
Оз рече дека консумираната храна има големо влијание врз здравјето на срцето, и се осврна на штетата предизвикана од консумирање шеќер.
„Кога консумираме шеќер, се поправаме. Тежината има бројни штети, но најголема штета се предизвикува на црниот дроб“, рече тој.
Според него, кога во црниот дроб се собира шеќер, тој се претвора во масти, со што заболениот црн дроб не може да обезбеди заштита против холестеролот. Тој рече дека во овој случај се менува типот на холестерол, и се зголемува нивото на лошиот холестерол.
Оз се осврна на ефектот на високиот холестерол врз срцето, и рече: „Во случај да се отвори рана во вените во срцето поради лошиот холестерол, тогаш тешко е да се лекува раната. Тоа е голем проблем и кај мажите и кај жените. Во срцето се наоѓаат три големи главни артерии. Доколку овие артерии би ги сметале како ѕид; причините за пробивање на ѕидот би биле дијабетесот и високиот крвен притисок. Дијабетесот како парчиња стакло го кине тој ѕид. Кога се јавува дупка на ѕидот, тогаш тоа треба да го поправиме. Материјалот кој се користи е холестерол. Постои добар и лош холестерол. Многу е добро кога има добар холестерол, (раната) се претвора во добро поправен ѕид, но кога има лош холестерол, тогаш раните пополека почнуваат да ја блокираат артеријата, и врз неа се собира холестерол. Со време, средината на таа цевка целосно се затвора, и потоа пациентите ги губиме од срцеви болести“.
Оз рече дека факторите за срцева болест се дијабетесот, високиот холестерол и високиот крвен притисок.

„Кога крвниот притисок е висок, тоа предизвикува дупка во артеријата. Доколку количината на лошиот холестерол е голема, телото не може да ги поправа артериите“, нагласи Оз.
- Медитеранската трпеза е исклучително здрава -
Доктор Оз истакна дека медитеранската трпеза е исклучително здрава.
Тој нагласи дека храната која има адитиви создава лоши хемикалии во човечкото тело, па со тоа се забележува раст на срцевите заболувања.
„Медитеранската трпеза е неверојатно здрава. Зошто? Затоа што поседува свеж зеленчук и овошје. Маслиновото масло потекнува од Турција, и е со висок квалитет, не е фалсификувано. Во нашата Турција има јадлива храна. Исто така, храната што ја јадеме ние е многу здрава. Јас повеќе имам страв од новопојавената храна, бидеќи се додава повеќе шеќер и сол за да се зголеми количината на консумирање. Се менува вкусот, можеби се повкусни, но не се здрави“, истакна Оз.
Мехмет Оз нагласи дека генетиката има свое влијание кај срцевите болести.
„За жал, кај нас Турците има еден проблем: ние не сме силна земја во однос на срцевите заболувања од аспект на генетиката. Почнаа да се зголемуваат стапките на срцеви удари поради висок холестерол или висок крвен притисок“, додаде тој.
- Воспоставете силни семејни врски за здравјето на срцето -
Оз се осврна и на факторот стрес, и укажа на позитивните ефекти на семејните односи врз здравјето на срцето.
Тој нагласи дека луѓето на Запад се повеќе под стрес бидејќи, според него, семејните односи не се толку силни.
„Еден живот каде што постојано сте во контакт со луѓето што ги сакате во семејството, може да ве штити вас, но ако тоа недостасува, стресот почнува се зголемува. Кога се појавува висок стрес, тоа има големи ефекти врз срцето“, рече Оз.
„Ова е новооткриен проблем, но многу пати го гледаме. Силните семејни врски се неверојатано значајни за здравјето на срцето. Врската меѓу луѓето е многу важна. Тоа е заштита против стресот, но во исто време ви дава една цел во животот. Ако во животот постои цел, тогаш и на чукањата на срцето ќе им даваме една цел“, додаде тој.
- Што треба да консумираме?
Проф. д-р Мехмет Оз се осврна и на тоа што треба да се консумира за здраво срце.
„За здрав живот потребно е следното: целозрнеста пченица, бидејќи многу е здраво храната да ја консумираме како што излегува од земја. Овошје, зеленчук, лешник, ф ̓стаци, сето тоа е здраво за срцето. Маслиновото масло е најзначајното меѓу нив“, нагласи Оз.
Според Оз, луѓето треба да се оддалечат од обработената храна и јадења, од јадењата кои содржат адитиви, од консумирање месо во големо количество, од пржени јадења, како и од нездрави пијалаци, како газираните полни со шеќер.
- „Не мора да трчате, пешачете“ -
Доктор Оз потсети дека вежбањето е важно за човекот со цел да се заштити од срцеви заболувања.
„Не мора да трчате, пешачете. Добро би било да се движите половина час на ден. Најважниот спорт во светот е пешачењето. Зошто? Бидејќи не се повредуваш. Можеш секојдневно да го извршуваш, кога си млад или стар. Кога ги гледаме животите на тие кои најдолго живеат во светот, тие постојано пешачат. Добро би било неделно по 30 минути да подигаме тежина. Доволно би била само и нашата телесна тежина. Може јога.“
news_share_descriptionsubscription_contact
