Emre Gürkan Abay
17 Март 2020•Ажурирај: 19 Март 2020
МОСКВА (АА) – Руската асоцијација за туроператори (ATOR), поради заканата од коронавирусот (Ковид-19( на своите граѓани им ја предложи Турција, како една од земјите каде што може да се оди на одмор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во листата „Во кои крајбрежни земји може да се купат пакети за патувања?“ подготвена од руската асоцијација за туроператори (ATOR) се најдоа земјите кои помалку се погодени од појавата на коронавирусот и кои се познати земји за одмор.
Во листата која се наоѓаат вкупно 10 земји, покрај Турција се наоѓаат и Куба, Виетнам, Мексико и Тајланд.
Русија ги ограничи летовите до многу дестинации, вклучително и Кина, некои земји од Европската унија, Иран и Узбекистан.
Руската асоцијација за туроператори во соопштението пред некое време истакна дека руските туристи во плановите за одмор, наместо Кина почнале да ја избираат Турција.