Şerife Çetin
17 Март 2020•Ажурирај: 18 Март 2020
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, соопшти дека сите сојузници го одобриле пристапниот процес на Северна Македонија во НАТО, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Столтенберг во пораката објавена на Твитер истакна дека шпанскиот Сенат, како последен, го одобрил пристапниот процес на Северна Македонија.
„На тој начин, сите сојузници ги отворија своите врати кон Северна Македонија, која наскоро ќе стане наша 30-та членка. Честитки Северна Македонија“, нагласи Столтенберг во пораката.
Протоколот за пристапување помеѓу НАТО и Северна Македонија беше потпишан на 6 февруари 2019 година. Потоа, протоколот за пристап требаше да биде одобрен од парламентите на сите земји-членки за да започне членството.
По завршувањето на некои официјални процеси, Северна Македонија станува 30-та членка на НАТО.