Michael Gabriel Hernandez
03 Мај 2022•Ажурирај: 04 Мај 2022
ВАШИНГТОН (АА) - САД и Ерменија започнаа билатерален стратешки дијалог ветувајќи „понатамошно зајакнување“ на дипломатските врски, известува Агенција Анадолија (АА).
Државниот секретар на САД Ентони Блинкен е домаќин на ерменскиот министер за надворешни работи Арарат Мирзојан. На состанокот во Стејт департментот двете држави потпишаа договор за цивилна нуклеарна соработка, за кој Стејт департментот соопшти дека ја подобрува соработката за енергетската безбедност и ги зајакнува дипломатските и економските односи.
Стејт департментот соопшти дека договорот има за цел да и помогне на Ерменија да ги диверзифицира своите енергетски резерви.
Блинкен и Мирзојан дополнително „разговараа за напредокот на Ерменија во спроведувањето на демократските реформи, владеењето на правото и антикорупциските реформи“, рече портпаролот Нед Прајс во изјавата.
„Тие разговараа и за тековниот дијалог меѓу Ерменија и нејзините соседи“, истакна Прајс.
„Секретарот Блинкен му се заблагодари на министерот за надворешни работи за флексибилноста што Ерменија ја покажа и ги охрабри понатамошните директни разговори меѓу Ерменија и Азербејџан, нагласувајќи ја посветеноста на САД да им помогнат на Ерменија и Азербејџан да најдат одржлив мир и просперитет, вклучително и во нашиот капацитет како копретседавач на ОБСЕ Минска група“, додаде тој.
Ерменија и Турција треба да ја одржат следната рунда разговори за нормализација на односите на министерско ниво на 3 мај.