Şenhan Bolelli
03 Мај 2022•Ажурирај: 04 Мај 2022
МАДРИД - Бројот на пациенти кои во Шпанија чекаат да бидат оперирани надмина рекордни 700.000, што е последица на негативните ефекти што ги предизвика пандемијата на Ковид-19 врз здравствениот систем во земјата, известува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Шпанија соопшти дека на операција чекаат 706.740 пациенти, што е рекордна бројка уште од 2003 година.
Во соопштението се наведува дека најголемиот број на пациенти чекаат на операција од областа на трауматологијата, офталмологијата, општата хирургија и стомачните болести.
Каталонија, Андалузија и Мадрид се наведени како региони со најголем број пациенти на листата за чекање на операција.
Просечно време на чекање на пациентите за операција во Шпанија е зголемено на 123 дена.