Atila Altuntaş
03 Мај 2022•Ажурирај: 04 Мај 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Уништени се околу 20 гробови на муслимани и на православни христијани на гробиштата Остра во Малме, Шведска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на полицијата во Малме, Нилс Норлинг, во изјавата за шведската државна телевизија „SVT“, рече дека во нападот извршен од неидентификувани лица уништени се голем број на надгробни споменици и врз нив била истурена боја.
Норлинг нагласи дека станува збор за гробници на муслимани и на православни христијани.
Весникот „SVD“ објави дека се уништени околу 20 гробови, и дека инцидентот го забележале муслиманите кои ги посетиле гробиштата на своите роднини на првиот ден од Бајрам и ја известиле полицијата.
Полицијата информираше дека немаат никакви податоци за сторителите на инцидентот и побараа кај нив да се пријават очевидци кои имаат какви било информации во врска со инцидентот.