Nilay Kar
13 Јануари 2020•Ажурирај: 13 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, телефонски разговараше со американскиот колега Мајк Помпео за последните случувања на Блискиот Исток, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Помпео ја повтори потребата на НАТО да има поголема улога во регионот и го истакна посветувањето на САД на мировниот процес поддржан од ОН во Сирија“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Морган Ортагус.
Помпео на социјалната мрежа Твитер изјави: „Имавме добра дискусија со турскиот министер за надворешни работи за случувањата во Блискиот Исток.“
Нивниот телефонски разговор се случи откако прекинот на огнот посредуван од Турција и Русија стапи во сила во Идлиб.
Турција вложи напори за прекинот на огнот откако Идлиб е напаѓан од силите на режимот на Башар ал Асад и неговите сојузници, при што милион цивили бегалци заминаа на турската граница.
Турција и Русија во септември 2018 година се согласија да го претворат Идлиб во деескалациска зона во која актите на агресија се строго забранети.
Оттогаш, повеќе од 1.300 цивили се убиени во нападите на режимот и руските сили, при што прекинот на огнот беше постојано прекршуван.
Над 1 милион Сиријци се преселија во близина на турската граница поради интензивните напади во текот на изминатата година.