Tufan Aktaş
13 Јануари 2020•Ажурирај: 14 Јануари 2020
ПРЕТОРИЈА (АА) - Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед Али, одговори на претходните коментари на американскиот претседател, Доналд Трамп, за доделувањето на минатогодишната Нобелова награда за мир и му порача да се обрати на Комитетот за доделување на тоа признание, а не нему како лауреат, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Претседателот Трамп својот проблем треба да го упати во Осло, а не во Еритреја. Јас ни не знам како работи Комитетот“, изјави етиопскиот премиер Али, кој престојува во официјална посета на Јужнофриканската Република.
Минатогодишниот лауреат на Нобеловата награда за мир изјави дека целта никогаш не му била да се бори за награди, туку за воспоставување и зачувување на мирот во регионот.
Али е 43-годишен шеф на Владата на Етиопија, кој ја доби Нобеловата награда поради надминување на конфликтот со соседна Еритреја.
Американскиот претседател Трамп минатата недела даде јасно даде до знаење дека му запречил изборот на лауреат, иако прецизно не го именуваше Али.
„Јас сум тој кој го склучи договорот и спаси една земја, а сега слушам дека лидерот на таа земја добива Нобелова награда за мир. Се запрашав па дали јас имав удел во тоа. Секако дека имав, но така е тоа. Битно е ние да знаеме“, порача Трамп во видеопорака на Твитер.
Експертите тврдат дека на Трамп му запречило тоа што не ја добил наградата поради посредувањето во надминување на кризата, што помеѓу Етиопија, Египет и Судан ја предизвика планот за изградба на браната на Нил.