Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
22 Март 2021•Ажурирај: 23 Март 2021
АНКАРА
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес во Анкара се состана со специјалниот пратеник на ОН за кипарското прашање, Џејн Хол Лут, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Чавушоглу и Лут дискутираа за подготовките за неформалниот состанок 5+1 за Кипар, што е испланирано да биде одржан во Женева на крајот од април во рамките на лидерството на ОН“, соопшти министерот на Твитер.
„Одржливо и реално решение за придобивки на сите страни во Кипар е соработката на двете држави заснована на суверена еднаквост“, додаде Чавушоглу.
Неофицијалниот состанок 5 + 1 - вклучувајќи ги обете страни за Кипар, трите земји гаранти, плус ОН - треба да се одржи на 27-29 април во Женева.
Островот е поделен од 1964 година, кога етничките напади ги принудија кипарските Турци да се повлечат во енклави заради нивната безбедност.
Во 1974 година, државниот удар на кипарските Грци, со цел анексија кон Грција, доведе до воена интервенција на Турција како моќ и гарант за заштита на кипарските Турци од прогонства и насилство.
Турската Република Северен Кипар е основана во 1983 година.
Администрацијата на кипарските Грци влезе во ЕУ во 2004 година, истата година кога кипарските Грци го спречија планот на ОН за ставање крај на деценискиот спор.
Одделно, турскиот министер за надворешни работи остварил телефонски разговор со неговата новоназначена либиска колешка Најла ел Мангуш, на која ѝ честитал за преземањето на функцијата, според дипломатски извори.
Ел Мангуш од истокот на Либија беше назначена за прва жена министер за надворешни работи на земјата.
Со речиси 15-годишно искуство, таа работела во различни меѓународни организации и живее во САД од 2012 година.