Oktaj Omeragikj
11 Јули 2025•Ажурирај: 11 Јули 2025
СКОПЈЕ (AA) – Полната месечина над Истанбул синоќа создаде прекрасна глетка на палатата Топкапи (некогашно седиште на администрацијата на Османлиското Царство), известува Анадолу.
Љубителите на фотографијата застанаа за да ја овековечат оваа ретка глетка, а луѓето имаа можност да уживаат во сјајот на полната месечина над градот.
Полната месечина над Истанбул создаде редок момент на спокој во метрополата преполна со живот, овозможувајќи им на жителите и на туристите да уживаат во магијата што ја нуди градот на Босфор.