Fahri Aksüt
14 Април 2020•Ажурирај: 14 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Земјотрес со јачина од 3,8 степени го погоди подрачјето во близина на Истанбул, рано утринава, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), земјотресот се случил во подрачјето на Анавуткој, крај брегот на Црното Море, во 2:56 часот наутро по локално време.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 7,03 километри.
Нема непосредни извештаи за жртви.
Истанбул се наоѓа на трусно подрачје поради движењата на раседите.