Berk Özkan
23 Април 2020•Ажурирај: 23 Април 2020
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, упати честитки по повод 100-годишнината од формирањето на Големото национално собрание на Турција и по повод 23 Април - Ден на детето во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Ердоган на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Упатувам најискрени честитки по повод 100-годишнината од формирањето на Големото национално собрание на Турција и по повод 23 Април - Ден на националниот суверенитет на земјата и Ден на децата на Турција и на целиот свет.“
Во објавата, претседателот Ердоган, обраќајќи им се на децата, отстапи место за видео од фотографии со деца.
Претседателот Ердоган во својата објава напиша: „Во животот нема поголема среќа од насмевката на едно дете, ниту има нешто поголемо од срцето на едно дете“, и истакна:
„Во период кога војните, судирите, сиромаштијата и гладта ни ги затемнија хоризонтите, единствено нешто што го разубавува светот е насмевката на децата. Вие сте гаранција за нашата иднина, надеж за нашето утре. Вие, децата, сте предвесник на еден помирен, порадосен, поправеден и поубав свет, бидејќи да се биде дете, значи да се биде ентузијаст и на светот да се гледа со наивен, чист и јасен поглед и кон иднината да се оди со возбуда. Да се биде дете значи цврсто да ја гушнете љубовта со своето бесконечно и неизмерно срце. Се надевам дека утре секој од вас ќе биде уметник, политичар, научник, наставник, инженер, правник, бизнисмен, или ќе избере некоја друга професија. Тогаш ќе ги поправите недостатоците и ќе формирате поправеден, поубав свет за следните генерации. Ви го честитам 23 Април - Ден на националниот суверенитет на земјата и Ден на децата. На основачот на нашата Република, Мустафа Кемал и на неговите соборци уште еднаш им се заблагодарувам што ни го подарија 23 Април. Ви посакувам уште многу убави празници заедно со вашите семејства, наставници, пријатели.“