23 Април 2020•Ажурирај: 24 Април 2020
ИСТАНБУЛ
Според добиените информации, денес под кодот „TK1920“ соодветно на историскиот датум 23 април 1920, авион на ТХЈ изведе специјален лет кој во живо беше следен од „Flightradar24“, интернет-страницата за следење на воздушниот сообраќај.
Според снимките од радарот, авионот на „Туркиш ерлајнс“ (ТХЈ) на небото над Централна Анадолија изведе лет со кој беше исцртан полумесец и ѕвезда, кои го симболизираат турското знаме.
Специјален лет на ТХЈ под кодот „TK1920“
Рекламниот спот подготвен во врска со специјалниот лет на ТХЈ ќе биде презентиран во 19:20 часот по локално време на официјалниот профил на социјалните мрежи.