Zehra Nur Düz
03 Септември 2022•Ажурирај: 04 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Туркије соопшти дека од Украина испловил уште еден брод со жито, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено од Министерството не е наведено од каде испловил бродот, ниту кое е неговото одредиште.
Уште девет бродови чекаат испловување од украинските пристаништа поради неповолните временски услови во регионот, соопшти Министерството.
Туркије, Обединетите нации, Русија и Украина на 22 јули во Истанбул потпишаа договор за продолжување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црното Море блокирани од руско-украинската војна.
Во Истанбул е формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН кои ги надгледуваат испораките.
Откако првиот брод во рамките на договорот исплови од Украина на 1 август, досега од украинските пристаништа испловија над 70 бродови со повеќе од 1,6 милиони тони земјоделски производи.