Mikail Bıyıklı
08 Ноември 2025•Ажурирај: 08 Ноември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утрово пристигна во Азербејџан за да присуствува на церемонијата во Баку по повод петгодишнината од Денот на победата на Азербејџан, јавува Анадолу.
За време на неговата посета, Ердоган е придружуван од турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, шефот на разузнавањето Ибрахим Калин, директорот за комуникации Бурханетин Дуран, секретарот за одбранбени индустрии Халук Ѓорѓун и Акиф Чагатај Килич, главниот претседателски советник за надворешна политика и безбедност.
Како дел од посетата, се очекува турскиот претседател да оствари средби со својот азербејџански колега Илхам Алиев и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф за билатералните, регионалните и глобалните случувања.
Поголемиот дел од регионот Карабах, кој беше под ерменска окупација речиси три децении, беше ослободен од Азербејџан за време на 44-дневната војна есента 2020 година, која заврши по мировниот договор постигнат со посредство на Русија и ја отвори вратата за нормализација на односите со Ереван.
На 8 ноември, азербејџанската армија го ослободи градот Шуша, кој подоцна беше прогласен за Ден на победата со претседателски декрет.