Elena Trenchevska Chekovic
22 Јуни 2021•Ажурирај: 23 Јуни 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 13 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 155.640, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период не се регистрирани нови починати лица од Ковид-19, според што билансот на смртни случаи од вирусот останува непроменет и изнесува 5.477.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 31 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 149.908.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 255.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.952 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 859.226 тестирања.