Hasan Esen
19 Јануари 2018•Ажурирај: 22 Јануари 2018
МАДРИД (AA) - Карлес Пуџдемон, поранешниот претседател на Каталонија, рече дека може да управува со автономната управа на Каталонија од Белгија и дека ја има потребната технологија за тоа, јавува Anadolu Agency (AA).
Пуџдемон за „Radio Catalunya“ изјави дека има два избори пред него, или да оди во затвор или да продолжи на својот пат на безбеден и слободен начин. Потсетувајќи дека тој бил реизбран на 21 декември, рече: „Јас сум избран за да бидам претседател“.
Пуџдемон, обвинет за поткопување на државниот систем, за бунт и злоупотреба на јавните добра, тврди дека тој може да управува со регионот од Белгија, велејќи: „Денес, големи претпријатија, академски и истражувачки проекти се управуваат со користење на воглавно нови технологии".
Тој не се изрази конкретно за тоа дали ќе продолжи со едностраните иницијативи за независност.
Сепаратистичките партии во Каталонија неодамна објавија дека постигнале договор, кон крајот на овој месец за регионален претседател повторно да го изберат бегалецот, Карлес Пуџдемон.
Пуџдемон, кој се наоѓа во Брисел откога беше сменет од претседателската функција, поради обидот да се отцепи од Шпанија, ако се врати дома, ќе биде уапсен.
- Процес
Каталонската автономна управа одржа референдум за нелегална независност на 1 октомври 2017 година, а локалниот парламент, како резултат на референдумот, ја донесе одлуката за прогласување на едностана независност на 27 октомври 2017 година.
Откако овој регион прогласи еднострана независност на 27 октомври, централната шпанска власт ја распушти локалната управа и каталонскиот Парламент, донесе одлука за одржување избори на 21 декември и привремено започна директно да управува со овој регион.
Покрај тоа, некои членови на владата во Каталонија беа уапсени под обвинение за поткопување на државниот систем, за бунт и злоупотреба на јавните добра. Пуџдемон пребегна во Белгија со четворица поранешни министри на Каталонија.
На предвремените избори што се одржаа на 21-ви декември, сепаратистите обезбедија мнозинство во парламентот благодарение на изборниот систем, иако добија помалку од 50 отсто од гласовите.